Seminarski i Diplomski Rad

Aristotel i politikata (makedonski) 
Vrsta: Seminarski | Broj strana: 14 | Nivo: Praven fakultet

ПРАВЕН ФАКУЛТЕТ БИТОЛА
Семинарска работа по предметот:
Историја на правото
на тема:
Аристотел и политиката
изработила: ментор:
Крстанова Љубица доцент др. Љупчо Наумовски
СОДРЖИНА:
ВОВЕД
АРИСТОТЕЛ – БИОГРАФИЈА
ПОЛИТИКА (Аристотел)
ЗАКЛУЧОК
КОРИСТЕНА ЛИТЕРАТУРА
1. ВОВЕД
Политичката мисла е во тесна врска со развојот на општеството како широко одредувачка рамка во која се одбиваат политичките процеси., а кои на своевиден начин се и составен дел од самата политичка теорија. Политичката наука и филозофијата на политиката често ја истакнуваат противречноста помеѓу претполитичките, теокретските состави на животот на старите цивилизации на Истокот, и политичките темели на модерната цивилизација што изникна во античка Грција. Без оглед што и подоцна, од средниот век до денес, оваа противречност ќе се јавува во низа преодни облици, самата политичка теорија секогаш ќе го вреднува првенствено растот на политичката сфера како подрачје на реализација на општествени вредности, наспроти сите облици на трансцендирањето на таа сфера во разни теолошки и утописки решенија за смислата на општествената заедница. Во средиштето на таквото определување на политичката мисла, на Западот се наоѓа политичката теорија на демократија, како темелна вредност на политичкото општество чија историска реализација наедно претставува смислен пат на развој на човековото битие.
Врв на античките расправи за политиката претставува Аристотеловата "ПОЛИТИКА". Во ова негово капитално дело целосно се засноваат и интерпретираат основните аспекти на политиката како наука и како практика; политиката се истражува како реалитет на различни емпириски облици на власт во државната заедница и како наука за природата, функцијата и целите на таквата заедница. Тој двовиден план, одвоено и во целина, ги карактеризира подоцнежните "политики" кои се движат од истражување на позитивните емпириски модели на власт спрема изградбата на разни теории за општеството. Во тој распон обично се разгрануваат и двата главни меѓусебно поврзани изрази на политичката мисла: политичката наука како збир на теории и сознанија за претежно емпирискиот супстрат на политичките облици на општеството и историскиот развој на тие облици и филозофијата на политиката како наука која ги разгледува човековите вредносни остварувања во рамките на животот на политичката заедница.
Аристотел – Биографија
Аристотел (384 п.н.е., Стагира, Македонија -7 март 322 п.н.е., Халкида) бил еден од најдобрите и најзабележителните мислители не само во античка туку и во европската филозофија.
Во неговите многубројни дела се опфатени речиси сите области од филозофијата. Тој е творец на повеќе науки како: логиката, физиката, поезијата, реториката, политиката, зоологијата и биологијата. Позначајни дела му се: "Органон", "Физика", "Метафизика", "Никомахова етика", "Политика", "Механика", "Метеоролигија" и други.

---------- OSTATAK TEKSTA NIJE PRIKAZAN. CEO RAD MOŽETE PREUZETI NA SAJTU. ---------- 

www.maturski.org 

 

MOŽETE NAS KONTAKTIRATI NA E-MAIL: [email protected]

 

 

maturski.org Besplatni seminarski Maturski Diplomski Maturalni SEMINARSKI RAD , seminarski radovi download, seminarski rad besplatno, www.maturski.org, Samo besplatni seminarski radovi, Seminarski rad bez placanja, naknada, sms-a, uslovljavanja.. proverite!